Регулаторната Комисија одлучи цената на парното да остане иста
И покрај барањето на БЕГ за зголемување на цената, поради намалените приходи од домаќинставата кои веќе не плаќаат паушал за парното што не го користат, Регулаторната Комисија донесе одлука - цената на топлинската енергија да не се менува.
- Сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Минатата година парното за корисниците нa БЕГ поевтини за 6%,а се намали и ДДВ од 18 на 5 отсто.
Инаку на градско парно се затоплуваат околу 50.000 домаќинства.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
