Регулаторна со препорака до граѓаните да постават калориметри
Калориметрите не се задолжителни, но од регулаторна им предлагаат на граѓаните да ги постават. А Владата, Градот Скопје и БЕГ да најдат начин на да им се помогне на потрошувачите да ги вграДат, со можност истите да ги плаќаат на рати.
Од владата не прецизираа дали ќе се најде механизам со кој на граѓаните ќе им се помогне да купат калориметри, само посочија сите кои имаат техничка можност тоа МОЖЕ да го сторат.
Од Бег соопштуваат дека согласно тарифникот за топлинска енергија донесне од страна на РКЕ надоместокот за потрошената топлинска енерегија ќе се утврдува според индивдуален мерач само ако најмалку 80 отсто од потрошувачите во објектот да имаат инсталирано ваков уред.
Од регулаторна потврдија дека на граѓаните кои се приклучени на грдско парно, фактурите нема да им се зголемат за сметка на исклучените кои веќе од први април не плаќаат паушал. Но Државата треба да најде начин како да с епоркие загубата кај дитрибутериуте.
Инаку од РКЕ предлагата новиот приклучок за струја да поевтини за 20 отсто. Наместо 500 тој да чини 400 евра. Исто така за 5 до 7 дена да се намали и рокот за издавање на согласност и изградба на приклучок.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
