Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 5.10.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,863 ден/кг.
Ново на Сител
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби
-
Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик
-
САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци