Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Струмица
Во организација на „Food and Agriculture Organization“ во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Струмица ќе се одржи регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.
Работилница е дел на годинашната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеца.
Според организаторите, целта на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште, а на настанот поканети се земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Источниот и Југоисточниот регион.
Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД. Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на јавниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април 2019 година.
Ново на Сител
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг
-
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
-
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
-
Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг во Бутел