Регионална иницијатива за превенција од пожари: Западен Балкан со заеднички чекори кон отпорни екосистеми
Пожарите на ниво на предел претставуваат сериозна закана и сè поголем предизвик за регионот на Западен Балкан, оставајќи долготрајни последици врз екосистемите, населението и економијата, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Оттаму посочуваат дека со засилена регионална координација и заедничко делување на надлежните министерства преку Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан се поставуваат темелите за подигање на јавната свест за ризиците од пожари и зголемена отпорност на пределите, преку одржливо управување со екосистемите.
-Наместо традиционални пристапи кои се фокусираат исклучиво на гаснење пожари, програмата го применува концептот на интегрирано управување со пожарите на ниво на предел — поттикнувајќи интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и изградба на отпорни природни предели кои можат ефективно да одговорат на заканата од пожари, се наведува во соопштението од МЗШВ.
Превенцијата, како што истакнуваат од Министерството, е во срцето на оваа иницијатива и има за цел да обезбеди одржливо управување со природните ресурси на начин што еднакво ги штити и луѓето и екосистемите.
- Целта е да се создадат предели отпорни на пожари, како и заедници кои во иднина ќе ја продолжат оваа иницијатива на регионално ниво, се наведува во соопштението.
Регионалната иницијатива е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како стратешки партнер и опфаќа едукативни активности, развој на политики и практична ангажираност низ земјите на Западен Балкан.
-Природата е наша заедничка одговорност, а секој чекор кон превенција прави голема разлика. Над 90 отсто од пожарите на ниво на предел во регионот се резултат на човечка невнимателност — факт што недвосмислено укажува дека решението е во нашите раце. Ги повикуваме сите чинители на свесност, вклученост и одговорност, со цел да ги заштитиме природните предели и да обезбедиме сигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Со здружени напори и долгорочна визија, можеме да тежнееме кон амбициозна, но остварлива цел: нула пожари предизвикани од човечки фактор, истакнуваат од МЗШВ.
Оттаму посочуваат дека со континуираната поддршка и партнерството на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, иницијативата добива стабилна основа за долгорочно и одржливо влијание во регионот.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци