Регионален состанок за ХИВ во Скопје
По повод Светскиот ден за борба против СИДА-та, ХЕРА, Националниот координативен механизам за ХИВ/СИДА и туберкулоза, „Заедно посилни“ и Платформата за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка од ХИВ, денеска и утре во Скопје организираат Регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ.
На конференцијата ќе присуствуваат 50 претставници од осум земји во регионот. Целта на состанокот е формирање регионален координативен мехнизам кој ќе работи на одржливост на програмите ХИВ во земјите на Југоисточна Европа.
Светскиот ден против СИДА-та (World AIDS Day) е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот самит во Лондон во 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација го прогласи 1 Декември за Светски ден за борба против ХИВ/СИДА-та, кој оттогаш се одбележува во скоро сите држави во светот.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун