Регионален форум „Процесот на децентрализација во Македонија“
Регионален форум „Процесот на децентрализација во Македонија“ ќе се одржи денеска во општина Велес.
На Форумот ќе се обратат заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада и меѓународниот лидер на програмата Цивика мобилитас Петруш Тоинес.
Најавено е учество и на градоначалниците на општините Велес, Струга и на Гостивар, како и на претставници на граѓанскиот сектор.
Форумот е организиран од страна на Форум - Центар за стратешки истражувања и документација-Скопје, Центарот за економски анализи - Скопје и Институт за развој на заедницата – Тетово, како дел од програмата Цивика мобилитас.
Во рамки на форумот ќе бидат презентирани клучните заклучоци и препораки од истражувањата спроведени од грантистите на програмата Цивика мобилитас: Форум–ЦСИД, ЦЕА и ИРЗ.
Заклучоците и препораките, информираат организаторите, се однесуваат на политиките за рамномерен регионален развој и успешноста на единиците на локалната самоуправа во испорака на законските надлежности и услуги кои ги вршат; (де)централизираниот развој и влијание на граѓанското општество во Македонија; местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците, потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа.
Ново на Сител
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати