Македонија
19. October 2024 - 16:28

Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот

Тендерската документација за почеток на изградбата на Центарот за управување со отпад за источниот и североисточниот регион кај светиниколското село Мечкуевци е готова и можно е во најскоро време да биде распишан тендерот за изградба. Сепак, потребна е поголема посветеност од страна на општините и јавните комунални претпријатија во решавање на проблемот со депонирање на отпадот во преодниот период, затворање на постојниите помали депонии и рехабилитација на земјиштето.

Во општините во Источниот регион тоа веќе се има случено, а се очекува и во општините во североисточниот регион. Во овој преоден период  во рок од две години ќе има времени депонии, каде што  ќе има навистина претовар или донесување на отпад од други општини, но тоа е само преоден период. изјави Теофанис Лолос, тим лидер на проектот

Паралелно со изградбата на 6 претоварните станици и главната постројка во Овче Поле, ќе се работи и на подобрување на патната инфраструктура каде ќе се движат камионите со отпад, а за кое е одговорно ЈПДП.

Има една мала делница којашто треба да води до депонијата, остатокот е реконструкција на тој регионален пат ќе се одвива паралено со изградбата на регионалната депонија, за да може да биде ставен во функција веднаш со изградбата на новата регионална депонија, изјави Ана Мазнева-Каранфиловска, Министрство за животна средина и просторно планирање

Главната компонента на проектот е редуцирање, рециклирање и реупотреба, односно, само мал дел од отпадот да се депонира, за што се работи и на подигање на јавната свест.

Ќе мора да се поработи на едукативни настани, односно, на информирање на граѓаните, како треба да го селектираат отадот и зошто, и дека со целата таа селекција ќе добиваме финансиски средства, односно, општините и како регион во целина ќе добиваме финасиски средства кои понатаму ќе можат да се искористат за многу инфраструктурни проекти, изјави Борче Везенков, комунален инспектор

Регионален Центар за управување со отпад ќе опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имал вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Проектот чини околу 40 милиони евра, а средства се обезбедени од фондовите на ЕУ.