Референдумското изјаснување почна навреме во Дебарско
Во дебарскиот поширок регион навреме почна референдумското изјаснување на граѓаните со право на глас.
Гласачките кутии во двете општини, Дебар и Центар Жупа, се отворени во 7 часот.
- На сите 27 избирачки места гласачките кутии се отворени точно во седум часот. До 19 часот, кога треба да бидат затворени, своето право на глас треба да го остварат 18.318 граѓани, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.
Во оваа општина вчера гласа 22 болни и изнемоштени лица.
На територијата на општина Центар Жупа има 6.686 граѓани со право на глас, а таму се гласа на 16 избирачки места. Според претседателот на ОИК-Центар Жупа Еран Зубер, сите избирачки места се отворени навреме.
Денеска од седум до 19 часот работи и регионалното одделение за управни работи при Полициската станица од општа надлежност - Деба за издавање лични карти.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи