Референдум во Грција: „да“ или „не“ за предлогот на меѓународните кредитори

Грците денеска гласаат за предлогот на меѓународните кредитори за решавање на должничката криза.
Експертите коментираат дека Грците денеска се соочуваат со две подеднакво болни перспективи – долгогодишни рестриктивни мерки за штедење, или потенцијален катастрофален излез на земјата од еврозоната, а прашање е дали со гласањето ќе се избегне и едното и другото.
Реално, нејасно е што ќе се случи по референдумот, без разлика дали граѓаните ќе заокружат „да“ или „не“.
И покрај уверувањата од страна на грчката Влада дека гласањето против предлогот нема да доведе до излез од еврозоната, повеќето се согласуваат дека се отвораат повеќе неизвесни последици.
Повеќе европски политичари, вклучувајќи го и холандскиот министер за финансии и претседател на еврогрупата Јерун Дијселблум, сметаат дека грчкото „не“ ќе ја загрози положбата на Грција во еврозоната.
Други, како што се лидерите на Фрнција и Италија држат „отворени врати“ за понатамошни преговори.
Грците се поделени. Последните анкети покажаа дека процентот на оние што ќе кажат „не“ е речиси изедначен со бројот на граѓаните кои позитивно ќе одговорат.
Грчката Влада соопшти дека ќе ја почитува одлуката на народот. И покрај силната владина кампања во корист на „не“, министерот за финансии Јанис Варуфакис рече дека ќе поднесе оставка доколку народот го прифати предлогот на кредиторите, а такво нешто наговести и премиерот Алексис Ципрас.
Вчера во Грција беа забранети собирања и политичка кампања, и во Атина се почитуваа референдумските правила. Жителите на главниот град исто така се поделени. Додека некои знаат што се очекува денеска од нив, други сметаат дека референдумското прашање е бесмислено и не се сигурни што да прават.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
