Редовното вежбање го подобрува сексот
Луѓето кои редовно вежбаат, имаат затегнати тела, па со тоа се и позадоволни со себеси. Тоа значи и поцврста самодоверба и поголемо либидо, како и поквалитетен сексуален живот, смета познатиот сексолог д-р Лорен Стрејчер, директорка на Центарот за сексуална медицина во Чикаго, Илиноис, САД.
– Аеробик-вежбите се посебно добри за подобрување на кардиоваскуларата кондиција, што го поттикнува крвотокот низ цело тело, па и во областа на гениталиите, вели д-р Стрејчер.
Според неа, кај жените, протокот на крвта е пресуден, оти од тоа зависи и секретот. А пак, кај мажите ја стимулира ерекцијата.
– Кај мажите, поинтензивните тренинзи го зголемуваат лачењето тестостерон, што значи и поинтензивна желба за секс, истакнува докторката.
Центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат најмалку 150 минути тренинг со умерен интензитет или 75 минути поенергични аеробик-активности, неделно. Џогирањето со побрзо одење или лесен велосипедизам се примери за умерени вежби.
Во поинтензивни активности спаѓаат трчање, брз велосипедизам, кошарка, одбојка, ракомет, фудбал итн.
Д-р Стрејчер има и свој блог посветен, пред сѐ – на женското сексуално здравје.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода