Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот
Поради новонастанатата состојба со коронавирусот и препораките за спречување на неговото ширење, Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки.
-Следејќи ги насоките на Владата за спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата, како општествено одговорна институција, Агенцијата за вработување на Република Македонија ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а тоа ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување, се вели во денешното соопштение.
По истекот на овој период, невработените лица треба да се јават во центрите за вработување, со цел продолжување на нивното редовно пријавување. Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени.
Напоменуваме дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на историјат на работни односи, извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување, потврда за неевидентирано лице, потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и потврда за евидентирано невработено лице.
За сите дополнителни прашања, граѓаните може да се обратат на телефонот (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk и на facebook страната.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб