Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ
Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел редовен октомвриски самит на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката за миграција и азил.
Во пресрет на овој самит во Брисел, тие најавуваат дека ќе биде 107. и веројатно последен самит на кој канцеларката Ангела Меркел ќе ја претставува Германија.
Самитот на лидерите на ЕУ почнува денеска во 15 часот со работна сесија посветена на актуелното поскапување на енергенсите, што е предизвик за постпандемиското закрепнување и сериозно ги погодува европските граѓани и компании.
„Ќе разгледаме што може да се направи на ниво на ЕУ и на национално ниво, и во однос на краткорочното олеснување за најранливите и среднорочните и долгорочните мерки“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во писмото со покана до лидерите на ЕУ, Мишел посочи дека пандемијата Ковид-19 „се уште не е завршена и дека бројките се зголемуваат во неколку земји-членки“.
Октомврискиот самит на ЕУ завршува утре со дискусија за европската дигитална трансформација, што, според Европскиот совет, е клучен двигател на економскиот раст, создавањето работни места и конкурентноста.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка