-->
-->
Ред Бул се повлекува од Ф-1?!
-->
Шансите Ред Бул да остане во Формула 1 стануваат сé помали откако Ферари одби да им ги понуди своите мотори. Австрискиот тим побарал да добие исти мотори какви што има тимот на Ферари, но италијанскиот тим бил подготвен на Ред Бул да му понуди мотори какви што им испорачува на Заубер и Хас. Претходно и Мерцедес ја одби соработката со Ред Бул.
Ред Бул, кој неколку години со моторите на Рено доминираше во првенствоот на Формула 1, на крајот од сезоната ќе ја прекине соработката со францускиот производител, па откако Мерцедес ја одби соработката со овој тим, единствената опција за екипата на Дитрих Матешиц беше Ферари. Сепак, неколкунеделните преговори завршиле неуспешно, бидејќи Ферари не се согласил на австриската екипа да ѝ испорачува исти мотори какви што има италијанскиот тим.
Иронијата е во тоа што Ферари немал ништо против моторите какви што има фабричкиот тим да ги испорачува на сестринскиот тим на Ред Бул, Торо Росо.
Сопственикот на Ред Бул, Матешиц, неколкупати повтори дека тимот ќе се повлече од Формула 1, доколку не бидат обезбедени адекватни мотори.
Единствена опција за Ред Бул сега е Хонда, но и во овој случај Матешиц не е оптимист бидејќи јапонскиот производител објави дека и наредната година ќе испорачува мотори само за тимот на Мекларен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар