Рецитал на сопранот Ѓиновска Илкова на Мајски оперски вечери
Сопранот Весна Ѓиновска – Илкова и пијанистката Кристина Светиева во рамки на програмата на јубилејните 45-ти „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе одржат рецитал.
Режисер е Дејан Прошев, а на програмата се дела од Чајковски, Рахмањинов, Форе, Пуланк, Лист, Штраус, Чилеа, Верди. Гостин на концертот е виолинистот Горан Муратовски.
Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија, певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Нејзиното деби на сцената на Македонската опера и балет е во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“, а на меѓународната сцена дебитира во 2001-та во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди.
Ѓиновска Илкова ужива богата домашна и меѓународна кариера. Досега настапувала во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија во постановките на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“... Освен на оперската, редовно е присутна и на концертната сцена, и е добитничка на голем број значајни награди и признанија.
Кристина Светиева се вбројува меѓу талентираните млади македонски пијанисти. Победничка е на бројни домашни и меѓународни натпревари. Настапувала на концертните и фестивалските подиуми во Турција, Бугарија, Холандија, Кипар, Хрватска, Шведска, Италија, Франција, Чешка, САД. Повеќепати настапила како солист со Македонската филхармонија. Првиот концертен настап го реализирала на шестгодишна возраст. Дипломирала cum laude (класа на Тодор Светиев) и магистрира cum laude на ФМУ во Скопје, под менторство на Жени Захариева, која е ментор и на нејзиниот докторат по музичка уметност со кој се стекнала во 2014 година.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно