ОН: Речиси 690 милиони луѓе, или 8,9 проценти од луѓето во светот се гладни
Еден од девет лица во светот ќе биде гладен, при што пандемијата на коронавирусот ги засилува веќе влошените трендови оваа година, се вели во извештајот на ОН објавен денеска.
Економското забавување и шоковите поврзани со климата туркаат се повеќе луѓе во глад, додека храната останува премногу скапа за многумина.
„После неколку децении долг пад, бројот на луѓе кои страдаат од глад полека се зголемува од 2014 година“, се вели во годишниот извештај „The State of Food Security and Nutrition in the World“.
Освен обезбедување доволно храна, храната мора да биде со хранливи состојки, се истакнува во студијата. Речиси 690 милиони луѓе, или 8,9 проценти од луѓето низ целиот свет, се гладни, објавија ОН.
Тој број се зголеми за 10 милиони луѓе за само една година до 2019 година, а за 60 милиони во изминатите пет години, покажа студијата, во која се вели дека искоренувањето на гладот до 2030 година – цел поставена пред пет години – ќе биде невозможно ако продолжат трендовите.
До 2030 година, над 890 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од глад, или 9,8 проценти од светското население, се проценките наведени во студијата.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден