Свет
28. November 2023 - 9:04

Речиси 2.500 луѓе се спасени по снежна бура во областа Одеса во Украина

Речиси 2.500 луѓе се спасени по снежното невреме во областа Одеса во јужна Украина, соопшти регионалниот гувернер Олег Кипер, додавајќи дека 313 населени места во регионот се без струја поради лошите временски услови.

Во последниве денови, областа Одеса, која се наоѓа на брегот на Црното Море, беше погодена од серија големи снежни бури кои ги блокираа автомобилите и соборија далноводи.

„Извлечени се 849 заглавени возила, од кои 24 автобуси и 17 амбулантни возила“, напиша гувернерот на социјалната мрежа Телеграм.

Според него, сите што завршиле во снежната замка биле спасени.