Балкан
11. јуни 2020 - 13:57

Речиси 2.000 туристички водичи во Словенија остануваат без приходи

Здружението на туристички водичи на Словенија предупредува дека на околу 2.000 вработени во нивниот сектор им се заканува опасност цела година да останат брз работа, а со тоа и без приходи.

Во земјата речиси 60.000 луѓе се вработени во туризмот, но водичите се во најнезавидна положба.

-Откажувањата на договорените тури почнаа уште на во март, а предвидувањата се дека оваа есен туристи ќе немаме. Прогнозите и за следната година се многу песимистички. Најверојатно цела година ќе бидеме без приходи, предупреди Тина Храст од Здружението на туристички водичи.

Водичите се надеваат дека државата ќе ги чуе нивните предупредувања и ќе им помогне да „преживеат“, а со тоа велат, ќе се спаси секторот и одливот на квалитетен кадар потребен по нормализацијата на ситуацијата со коронавирусот.