„Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ од Дуња Иванова
„Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ е насловена втората книга на д-р Дуња Иванова која наедно ја претставува и докторската дисертација на авторката.
Иванова докторатот го одбрани минатата година на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, под менторство на проф. д-р Иван Џепароски.
„Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ го има доживувањето на слушателот како лајтмотив, кој низ содржината на трудот упатува на музичкиот концепт како уникатен производ создаден во моментот на воспримање на музиката. Во книгата се презентирани различни идеи кои орбитираат околу доживувањето, при што имаат цел да делуваат стимулативно врз истражувањето и изучувањето на звучниот феномен и во исто време да го поттикнат предизвикот за теоретизирање. Всушност, доживувањето на слушателот претставува предметот на ова истражување, и тоа се провлекува како лајт мотив од првата па се до последната страница на трудот.
- „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ наоѓа своја примена и во педагошката дејност, поточно во областа на естетиката на музиката и музикологијата. Оваа книга ја пополнува празнината во музичката литература во земјава. Со нејзината објава се дава и скромен придонес и кон фондот на македонската теориска мисла, поточно кон литературата на македонски јазик која третира теми од областа на музиката и естетиката, соопшти издавачот.
Д-р Дуња Иванова (1985, Скопје) е автор и на книгата „Естетското доживување на музиката“ - нејзин магистерски труд на Институтот за филозофија. Иванова магистрира и на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010). Во изминатите години таа одржа и рецитали посветени на авторите претставници на модерната класична музика, како Збигњев Прајснер, Арво Парт, Филип Глас, Руичи Сакамото и Лудовико Еинауди.
Ново на Сител
-
Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната
-
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир
-
Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето