-->
-->
Реал немоќен против Алавез
-->
Фудбалерите на Реал Мадрид, доживеаја пораз на домашен терен од Алавес (1:2), во 11.коло.
Како многу пати оваа сезона Реал одигра катастрофално прво полувреме, во кое му дозволи на ривалот рано водство. Лукас Перез, во петтата минута, погоди од белата точка. На пеналот му претходеше играњето со рака, од страна на Начо, пред својот гол.
До крајот на полувремето, Тибо Куртоа, со брилијанта интервенција го спречи Лукас Перез да го постигне вториот гол.
Вториот дел донесе нов „студен туш“ за Реал. Куртоа лошо исфрли една топка, Хоселу внимателно ја следеше акцијата, а откако ја пресече топката лесно ја испрати во празниот гол.
Во 62 минута, Куртоа повторно го спречи Перез да постигне гол во ситуација кога напаѓачот на Алавес беше сам пред него. Неколку минути подоцна Перез му приготви шанса на Хоселу, а неговиот удар заврши крај дирекот.
Најблиску до постигнување на гол фудбалерите на Реал беа во 92.минута, кога топката по ударот со глава на Маријано Дијаз, од гол линијата во поле ја исфрли Лагвардија.
Трошка надеж за Реал беше голот на Касемиро во 86.минута. Бразилецот најдобро се снајде по една мешаница пред голот на Пачеко.
Веќе во наредната минута Куртоа спречи гол по обидот на Борха Саинз.
Последната шанса за израмнување Реал ја имаше в 96.минута, но ударот на Иско заврши во горниот дел од гредата.
Реал го доживеа вториот пораз на домашен терен во Ла Лига, вкупно трет во првенството. Со 17 поени, Реал се на четвртото место на табелата. Од друга страна Алавес ја забележа третата победа сезонава и со 13 поени се на деветтото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година