Фудбал
24. July 2015 - 18:48

Реал моќно против Сити

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија меѓунардониот куп на шампионите во Мелбурн, откако славеа над Манчестер Сити со 4:1. Претходно Реал одигра без голови со Рома, додека резултатот помеѓу Сити и Рома беше 2:2.
 
Реал во целост го контролираше дуалот, а делумно работата на ’кралскиот клуб’ му ја олесни тренерот на противникот Мануел Пелегрини кој во централната дефанзивна линија играше со Камерон Хамфриз и Џејсон Денејер.
 
Првите два гола Реал ги постигна во 21. и 25.минута преку Карим Бензема и Кристијано Роналдо, а во претпоследната минута од првиот дел Пепе зголеми на 3:0.
 
Во судиското надополнување на времето Јаја Туре намали на 3:1 откако судијата по една сомнителна ситуација покажа на белата точка.
 
Конечниот резултат го постави Денис Черишјев во 73.минута од натпреварот.