Фудбал
28. July 2016 - 12:59

Реал Мадрид поразен од ПСЖ, а Челзи го совлада Ливерпул

Фудбалерите на Париз Сен Жермен славеa победа против актуелниот европски првак Реал Мадрид со 3:1 во натпревар од Интернационалниот куп на шампиони.
 
На средбата која се одигрна ноќеска на стадионот „Охајо’’ во американскиот град Колумбис пред речиси 100.000 гледачи францускиот шампион со 3:1 го победи Реал.
 
Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а серијата ја отвори Нанитимо Иконе по само две минути игра. Следуваа два гола на Томас Муние (35 и 40-минута) за веќе убедлива предност на ПСЖ од 3:0. Почесниот гол за Реал го постигна Марсело (44) од пенал. 
 
Во рамките на истото натпреварување, но на средбата одиграна во Пасадена, дуелот на англиските премиерлигаши челзи и Ливерпул им припадна на „сините“ од Лондон со 1:0 го голот на Гери Кахил.