Реал Мадрид го обжали црвениот картон на Џуд Белингем
Реал Мадрид ќе го обжали директниот црвен картон што го доби Џуд Белингам на гостувањето кај Осасуна кое заврши со резултат 1:1, пренесуваат „Марка“ и „Ас“.
Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро го исклучи Англичанецот поради пцовки. Судијата, сепак, разбрал дека му било кажано нешто друго, поради што и официјално го исклучил Белингем, а тоа е причината што ја навел во својот извештај.
Англичанецот се соочува со потенцијална суспензија од најмалку два натпревари, но може да добие и посериозна санкција доколку се утврди дека навистина го навредувал судијата.
Поради тоа, клубот ќе поднесе жалба на црвениот картон, ќе достави видео од ситуацијата, како и за неточната формулација во извештајот на Мунуера Монтеро.
Судењето на последните три натпревари на Реал Мадрид е централна тема, бидејќи тие не успеаја да победат ниту еден од нив.
Претставници на клубот утре ќе го посетат седиштето на судискиот комитет во Шпанија за да ги преслушаат снимките од натпреварот против Еспањол пред две кола, кој го загубија со 1:0. Тогаш играчот на каталонскиот тим, Карлос Ромеро не беше исклучен поради груб фаул над Килијан Мбапе, а подоцна го постигна единствениот гол на натпреварот.
Ново на Сител
-
Кратово подготвува богата програма за прослава на денот на патрон-светецот, Свети Ѓорги Кратовски
-
Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер
-
Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија
-
Арсенал казнет од Фудбалската асоцијација на Англија
-
Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште
-
Кина се надева дека „сите засегнати страни“ ќе учествуваат во мировните преговори за Украина
-
Еврогрупата го поддржува влезот Бугарија во Еврозоната откако ќе ги исполни поставените критериуми
-
Изгоре куќа во центарот на Куманово