Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Оливер Спасовски
МВР е во хаос, а единствени кои се задоволни од неговото работење се криминалните банди низ Скопје и државата, кои излегоа од подземје и почнаа да владеат со државата. Резултатот од неговото министерување е една голема нула.
Министерот Спасовски не спроведе ниту една акција за откривање на дрога, трговија со нелегално оружје или шверц со луѓе.
Министерот Спасовски во овие 100 дена не успеа да ги открие сторителите на вандалското уништување на православните гробишта во Љуботен.
Министерот Спасовски не понесе одговорсност за случајот во Струмица кога полицајци пукаа и тешко ранија малолетни деца.
Виновникот за крвавото убиство во кафуле во Струга, среде бел ден е сеуште на слобода.
Ова е неуспехот и неспособноста која Оливер Спасовски не ја кажа на својата прес-конференција по повод 100 дена неработење и негрижа.
Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно се шетаат на улица и ги загрозуваат мирот и стабилноста на нашите улици и нашите населби.
Вакви луѓе и ваков министер како Спасовски не заслужуваат да го водат најкомплексниот ресор во Република Македонија. Наместо да се занимава со партиска пропагадна и неисчистени возила Спасовски треба да се грижи за безбедноста на сите граѓани во Македонија. Наместо да се занимаваат како да ја искористат полицијата во партиски цели Спасовски и Заев треба да се занимаваат како МВР повторно да биде симбол на доверба и професионализам.
Граѓаните ги препознаваат лошите политики на СДС и Заев. Затоа поради ова ќе бидат жестоко казнети на 15-ти oктомври.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа