Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на Костадинов

СДСМ е во паника бидејќи по 12 април веќе нема да може да ги прикријат криминалите на Заев
Аболицираниот Зоран Заев повторно е фатен во криминал како диктира пресуди на врховен суд.
Јавноста слушна дека Заев бил и премиер и обвинител и судија. Јавноста слушна дека без Заев не одлучува Врховниот Суд.
Зоран Заев ја потврди автентичноста на разговорите „Катица знае дека треба да паднат предметите“. На граѓаните им е јасно дека целта на новиот Закон за обвинителство е амнестија на криминалот.
Македонија не смее да има премиер кој крои обвиненија и диктира судски пресуди.
По негов налог Русковска не го повикува Вице Заев да каже за што разговарал на средбите со Зоран Милевски, осуден за случајот „Рекет“.
Ако има правна држава криминалецот Заев денес ќе беше со лисици на раце
Три пати аболицираниот криминалец не смее да биде аболициран по четврти пат.
Целта на Луј Витон судството, Јовевски и Русковска е да ги заштити милионите на фамилијата Заеви, да ги спаси од долгогодишна робија.
Крајот на политичката кариера на Зоран Заев е близу. Заев е готов.
Заев е правдоубиецот и казната стига на 12-ти април.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
-

Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
-

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката
-

Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е - 0,7 проценти, во групата Транспорт - 9,3
