Реакција од САДУ за односот на министерката Ташевска Ременски
Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ) во денешната писмена реакција упатува протест до министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски за, како што велат „нејзиниот одмазднички однос кон нивната синдикална организација“.
- Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија ви упатува најостар протест за вашиот одмазднички и прогонувачки однос кон нашата синдикална организација во рамки на Министерството за труд и социјална политика. Иако често и самата во вашите јавни излагања и настапи потенцирате колку е важно да синдикалните движења ги застапуваат барањата на работниците, но очигледно овој ваш став не се однесува на сите синдикати, стои во денешната реакција од САДУ.
Од Синдикатот посочуваат дека министерката за само еден месец двапати грубо ги повредувила правата на вработените во Министерството за труд и социјална политика.
- Без никакво образложение се дрзнавте да го отстраните претседателот на синдикалната организација на САДУ од МТСП со ваша еднострана одлука откако претходно ви се спротистави на притисоците врз вработените кои ги правевте за да ги прекинат своите годишни одмори сосема спротивно на Закон што впрочем претставува негова должност. Ова е незамисливо и невидено и во најтоталитарните општества да се казнува синдикален претставник само затоа што истапува во одбрана на правата на работниците, стои во реакцијата од САДУ.
И овој чекор, како што велат од Синдикатот, доаѓа токму од министер кој раководи со Министерство кое треба да биде најголем промотор на работничките права и партнер на синдикатите.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена