Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Гоце Георгиевски
Ниедна вода не може да ја измие неспособноста на СДСМ во земјоделството каде што направивте пепел и на ниедна ваша лага не верува ниту еден од земјоделците кои наместо да се радуваат кога ќе пристигне родот за продажба, кошмари ги мачат дали ќе го продадат своето производство и дали барем ќе си ги повратат средствата од вложеното, а тие ваши „успешни“ политики ја направија Македонија од извозно ориентирана во увозно зависна држава за храна која питачи кај комшиите за литар масло и килограм брашно.
Се чудам и кој ви дал за право да ги споменувате тутунарите? Истите оние кои ги омаловажувавте и дозволивте неколку години со ред да им се откупува тутунот по мизерни цени!
А фалбата: дека вашата грижа за нив ги исплатила субвенциите е крајно неморална и потценувачка кон тутунарите бидејќи со вашето недомаќинско работење и покрај изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, вас ви беа потребни скоро цел месец да почнете со исплата на истите со што докажавте пред сите дека немате пари во буџетот а тоа што две недели ги малтретиравте тутунарите да одат секој ден пред банки и да се молат дека тој ден можеби ќе има пари за нив точно ја покажува вашата грижа за земјоделците.
Затоа избори веднаш!!!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“
-

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
-

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник
-

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган
-

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
-

Приведен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
-

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта
