Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ за Армијата
СДСМ секогаш ги понижувал и навредувал припадниците на безбедносните сили. СДСМ никогаш не водел сметка за припадниците на Армијата на Република Македонија, ниту кога беа на власт, ниту кога во Собранието се гласаше за поволности за осовременување на Армијата. Со тоа евидентно е дека и тогаш, како и сега, на СДСМ им се важни само теснопартиските, а не националните интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитиревски, кој рече дека Армијата работи во несоодветни услови.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението-реакција наведува дека за набавка на воена опрема и вооружување Владата предвидела да се одвојат рекордни 300 милиони евра за периодот до 2027 година.
- ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во сегментот на безбедноста принципиелно и без политизирање. Впрочем, ги повикуваме лажните душегрижници од СДСМ да ја погледат програмата Реално и да видат конкретни проекти и мерки, наместо нивните стопати повторени манипулации и лаги кои се обидуваат да ги наметнат како вистина, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ