Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев

Состојбата е алармантна, Заев покажа дека е економски неписмен, а ја води државата.
И додека Заев се обидува да биде економист и танцува со короната, народот се обидува да преживее и танцува со растечката сиромаштија.
Зоран Заев денес покажа елементарно економско непознавање. Користењето на парите од вториот пензиски столб не значи било какво загрозување на пензиите. Токму таква мерка сега презема Естонија. Тоа што е добро за земја членка на ЕУ не е добро за Заев.
Претворањето на благајнички записи во државни обврзници е вишок на ликвидност на банките и не претставува нивно загрозување. Заев очигледно треба да се врати во прва година на Економскиот факултет во Скопје, за да научи некои базични операции.
Додека Заев се смее по емисии, докторите голораки се справуваат со најголемата епидемија на светско ниво по Втората Светска Војна.
Заев лаже кога вели дека докторите се заштитени со заштитна опрема. 15% од сите заразени од корона се доктори. Наместо облечени во скафандери, со заштитни визири, ракавици и медицински маски, докторите во ек на пандемија имаат ниво на опременост како да одат по доручек.
Се ќе беше во ред доколку Заев и владата на СДСМ се грижеа за народот, а не за матни набавки вредни милиони во ек на вирус.
Заев мора да одговори кој лови во матно и зошто не се знае ништо за набавката на 50 респиратори!?
Заев мора да одговори од каде знае за сумата од 1 милион и 250 илјади евра за набавка која според Венко Филипче не е завршена и е во тек постапката!? Дали се работи за однапред договорена зделка!? Кој профитира за време на коронавирус, врз грбот на граѓаните!?
Буџетот не е бунар без дно, а Заев крати од народот, ама не и од тендерите на олигархијата на власт.
Состојбата е алармантна. Граѓаните чекаат одговорност. Потребни се одговорни чекори.
Ново на Сител
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
-

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба
-

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
-

Продолжи судењето за убиството на турски државјанин во кафуле во Штип
-

Крај за цигарите во фри-шопот на Евзони, продажбата запрена од 31 декември 2025
