Реакција на Управата за извршување на санкции на прес – конференцијата на Алијанса за Албанците
По повод денешната прес – конференција на претставници на политичката партија Алијанса за Албанците, Управата за извршување на санкциите смета дека е потребно повторно да ја информира јавноста во врска со немилиот настан кога при утринската проверка на бројната состојба на затворениците, едно осудено лице беше пронајдено без знаци на живот во својата ќелија.
При редовна утринска проверка на бројноста на осудените лица, припадниците на затворската полиција го забележале осуденото лице Л.Б. во неговиот кревет во позиција како да спие, без знаци на живот. Веднаш била повикана итна медицинска помош која за жал не била во можност ништо да стори бидејќи лицето веќе било починато, а констатирано е дека немало траги на насилство.
Потенцираме дека по прегледувањето на снимките од безбедносните камери е констатирано дека во текот на ноќта никој не влегувал во неговата ќелија, т.е. не престојувале други осудени лица со него во истата соба.
Воедно, укажуваме дека од страна на лекар лицето било прегледано при приемот во затворот. За време на издршката на казната (која требало да трае една година), затвореникот продолжил да ја прима пропишаната терапија, а лицето ниту еднаш не побарало лекарска помош. Од страна на надлежните институции, сослушани се и останатите лица од соседните ќелии кои потврдиле дека во текот на ноќта затвореникот не побарал лекарска помош, ниту се пожалил на болки.
Во однос на обвинувањата изнесени од политичката партија Алијанса за Албанците, кои се однесуваат на условите во КПУ „Куманово“, укажуваме дека е меѓу поновите затвори во државата, пуштен во употреба во 2013 година, изграден по сите европски стандарди.
По добивањето на обдукцискиот извештај ќе имаме повеќе информации околу причината за смртта, а во меѓувреме апелираме до политичката партија Алијанса за Албанците да не го политизира случајот.
Ново на Сител
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите