Реакција на Синдикатот на УПОЗ за пролонгирање на најавеното зголемување од пет отсто на администрацијата

Денес до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ), пристигнаа неофицијални информации за пролонгирање на долго најавуваното зголемување на платите на администрацијата од 5 отсто, започнувајќи со септемвриската плата.
Иако на седницата на Владата на РСМ од 08.01.2019 година на која беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, во “5 до 12” (денес) известени се сите корисници на буџетот дека најавеното зголемување ќе се пролонгира по донесување на Законот за плати во РСМ.
Иако од Министерот за информатичко општество и администрација по нашата реакција, бевме информирани дека зголемувањето ќе се реализира наскоро по усвојување на ребалансот на Буџетот, сметаме дека ова е неодговорно.
Но без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, сметаме дека ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност.
Ново на Сител
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
