Реакција на АА и Алтернатива: Не сакаме да веруваме дека полицискиот час е вовед на органичување за Рамазан
Како што дознаваме од медиумите, Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести, на денешната седница донесе одлука од утре, од 22.00 часот до 05.00 часот наутро, на целата територија на РСМ да воведе полициски час, како причина да се ограничи можноста за ширење на вирусот.
Тргнувајќи од ова, коалицијата АлтернАнативА и Алијанса за Албанците смета дека оваа одлука е надвор од секоја логика, имајќи предвид дека досега угостителските објекти и рестораните се затвораа во 21.00 часот. Ако мерката изолација не е преземена во месеците октомври-декември 2020, кога се постигна врвот на новозаразени и смртни случаи, кому му служи сега ова изолација, и дотолку повеќе, и после 22.00 часот? Само ако е некој план за слободно транспортирање на забранети материи, како што се наркотиците кои се “крадат” често од магацините на МВР, бидејќи - во спротивно – и така државата после 21.00 часот е речиси во целосна изолација.
По се изгледа, оваа влада уште еднаш докажува дека нема соодветна стратегија за борба против вирусот Ковид 19, затоа несериозноста за обезбедување на вакцини против Ковид 19 сака да го покрие со ново исмејување со граѓаните. Така, наместо имунизација на населението, владата одлучува за нејзина изолација.
Како и да е, несакајќи да веруваме дека ова одлука е вовед на планираните ограничувања за месец Рамазан, коалицијата АлтернАтивА и Алијанса за Албанците предлага Владата да не ги попречува муслиманските верници од семејните ифтари и другите верски обреди, кои и до сега се одвиваа со почитување на предвидените мерки и протоколи.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија