Реакции во Косово по изјавата на Ердоган
Во очекување на официјална реакција на премиерот Рамуш Харадинај, по верашната заканувачка изјава упатена до него од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, косовските медуми пренесуваат изјави на претставници на владата, аналитичари и публицисти.
Вицепремиерот и лидер на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај, му порача на Ердоган дека никој не може да се заканува на Владата на Косово, освен нејзините граѓани.
- Косово е независна и суверена држава и задача и е да ја брани татковината. Ние го почитуваме пријателството што го покажуваат пријателските земји. Ние сме определени да го чуваме тоа ,но тоа не подразбира дека треба да бидеме вазал на една држава во Косово. Мојата порака е дека никој и ништо не може да и се заканува на Владата на Косово, освен народот. Ни една држава и ни еден лидер не може да наредува кој треба да ја предводи владата на Косово, порача Лимај од Призрен.
Политичкиот советник на Харадинај, Халил Матоши реагираше преку својот профил на Фејсбук цитирајќи го Скендербег со куса порака „Во одбарана на Републиката“.
Познатиот публицист Ветон Сурои на Фејсбук напиша дека Косово треба да одговори на изјавата на Ердоган ,но не на ист начин.
-Одлуката за апсење и депортација на шесте турски државјани предизвика очекуван инцидент во односите соТурција. Реакцијата на изјавата на Ердоган е емотивна, додека онаа на Косово не треба да биде таква. Сепак нашата земја треба да реагира, смета Сурои.
Косовскиот аналитичар и поранешен амбасадор Љуљзим Пеци смета дека она што најмалку може да го стори Косово е да и врачи демарш на турската амбасадорка.
-По изјавата на Ердоган за премиерот на Косово, Владата треба да го повика на консултации нашиот амбасадор во Анкара и најмалку да и достави демарш на турската амбасадорка во Приштина. Водата на Вотергејт се вжетува, посочува Пеци.
Ердоган меѓу другото на Харадинај му забележува за разрешувањето на косовскиот прв полицаец, Фљамур Стефај и првиот разузнувач, Дритон Гаши и му се закани дека ќе одговара за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани.Тој побара од косовските граѓани да протестираат против Харадинај кој ги заштитува „терористите“.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД