Реакции во Грција по објавените стенограми од лидерските средби во Македонија
Ставовите на грчката Влада во преговорите за името, но и размислувањата за опозициската Нова демократија, онака како што се пренесени во објавените стенограми од „Катимерини“ и германски ФАЗ, од двете лидерски средби во Македонија, предизвикаа реакции во Грција и препукувања меѓу Владата и опозицијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, особени реакции предизвика делот во кој македонскиот премиер споменува дека се сретнал со европратеничката и портпаролка на Нова демократија, Мариа Спираки.
Од грчката Влада велат дека „тајните средби на специјалната претставничка на Мицотакис, ја покажуваат хипокризијата и националната неодговорност на лидерот на опозицијата“ и бараат објаснувања од Нова демократија.
- Треба да одговорат: зошто ја држеа средбата во тајност? Која е целта на состанокот пред да почне официјалниот циклус контакти на грчката Влада, со Владата на ПЈРМ? Какви доверливи пораки му пренесе на господинот Заев во име на господинот Мицотакис? Имаше ли и други такви случајни средби во кафулиња со политичката власт на соседот, што реши да ги држи во тајност?, прашуваат од грчката влада.
Спираки, пак, говорејќи за грчките медиуми, рече дека со Заев се сретнала случајно кога одела на кафе.
Со соопштение за стенограмите излезе и Нова демократија и ги обвини Ципрас и Коѕијас дека на аматерски начин, уште од прв момент, управувале со конкретното национално прашање .
Од грчката опозициска партија велат дека од записниците се потврдува дека „владата во првата фаза од тајните преговори се согласила со неприфатливото име Илинденска Македонија“, се потврдува дека „опозицијата нема да се согласи за договор како оној од Преспа, ниту сега, ниту како следна Влада“.
- Но, најважното од сето она што го открива „Катимерини“ е дека целото раководство на Скопје констатира дека нивната земја нема да најде попогодна грчка Влада од онаа на Ципрас. Навистина е неверојатно дека Владата на Ципрас и Каменос е подготвена да склучи набрзина договор, отстапувајќи „македонска" националност и јазик на Скопјаните, коментираат од Нова демократија.
Од грчката Влада со ново соопштение уште еднаш ги поставија истите прашања околу средбата Заев - Спираки и рекоа дека чекаат одговори од Нова демократија.
А одговори за средбата бараат и од партијата Движење на промена.
Стенограмите од двете лидерски средби во Македонија ги објавија германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) и грчкиот весник „Катимерини“.
Ново на Сител
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија