Реакции поради егзекуцијата на шиитскиот свештеник во Саудиска Арабија
Во Саудиска Арабија денеска се егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, вклучително и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимритис. Неговото погубување предизвика жестоки реакции во Иран, во Ирак, во Јемен, во Бахреин и во други земји од регионот.
Нимритис беше централна личност во 2011 година во демонстрациите против режимот во Саудиска Арабија, инспирирани од Арапската пролет.
Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Саудиска Арабија дека го поддржува тероризмот и ги убива противниците на режимот.
- Саудиска Арабија ги поддржува терористите и радикалните сунити, убивајќи ги и сузбивајќи ги оние кои ја критикуваат Владата во земјата, изјави портпаролот на иранското МНР, Хосеин Џавер Ансари.
И јеменското движење Хути го осуди погубувањето на шиитскиот свештеник.
- Кралското семејство Ал Суд денеска погуби светиот воин, големиот свештеник Нимр Бакр ал Нимритис по лажното судење што претставуваше јасно кршење на човековите права, наведено е на официјалната интернет-страница на Хутите.
Во Бахреин поради убиството на Нимритис избија демонстрации, а полицијата употреби солзавец да ги растера учесниците. Демонстрантите носеа слики од Нимритис, а се судрија со полицијата во шиитското село Абу Саиба, западно од Манапе.
Погубувањето на Нимритис го осуди и Хезболах.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта