Реакции по нападот во ноќен клуб во Орландо
Американски официјални лица и политичари најостро го осудија масовното убиство во геј клуб во Орландо на Флорида во кое загинаа 50 и ранети се 53 лица.
Претседателот на САД Барак Обама го нарече тој масакр терористички чин и порача дека Америка нема да се препушти на стравот.
– САД ќе бидат обединети во заштита на Американците против оние кои и се закануваат на државата, нагласува Обама во обраќање.
Најизвесниот демократски кандидат за изборите во САД, Хилари Клинтон изјави дека нападот во Орландо е акт на тероризам што покажува дека е потребно нацијата двојно да ги зголеми напорите за да се спречат слични напади.
Водечкиот републикански кандидат Доналд Трамп изјави дека се моли за сите жртви и нивните семејства.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до Обама и сите Американци поради трагедијата во Орландо. Путин во телеграма наведува дека Русија “дели болка и тага со оние кои загубија блиски и сакани поради тој варварски криминален чин“.
Папата Франциско истакна дека е фрапиран од неразумната омраза. Како што соопшти Ватикан, Папата е „фрапиран пред таа беслислена омраза и лудило“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд наведе дека го осудува „хоророт“. – Изразувам целосна поддршка од Франција и Французите за САД и нејзините граѓани во овој тежок период“, нагласува Оланд.
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека е длабоко шокиран и ожалостен поради се што се случило. – Солидарни сме со Орландо и со ЛГБТ заедницата. Жалиме за нашите пријатели во САД и на Флорида и нудиме помош, наведува Трудо.
Германскиот претседател Јоаким Гаук во порака на сочувство до Обама пишува: - Ви посакувам сила и одлучност вашата држава да може обединета да се соочи со тагата и болката поради тој напад.
Италијанскиот премиер Матео Ренци напиша на Твитер – Нашето срце е со нашите американски браќа.
Ашраф Гани, претседател на Авганистан го осуди нападот во Орландо, и додаде дека „ништо не може да се оправда убивањето цивили“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека „изразува најдлабоко сочувство до американскиот народ по нападот врз ЛГБТ популацијата во Орландо“.
Ново на Сител
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови
-
Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“
-
Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов
-
Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега