Разрешен директорот на Агенцијата за вработување Мурати, Ведат Османи од партијата на Арјанит Хоџа е нов директор
Беким Мурати од Демократската унија за интеграција е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување. На местото на Мурати, нов директор ќе биде Ведат Османи, потврди за МИА претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, чиј кадар е Османи.
Мурати преку својот Фејсбук профил вчера информираше за неговото разрешување.
-Почитувани, денеска ја завршив мојата должност како директор на Агенцијата за вработување. Во 2021 година, кога ја добив довербата да ја водам оваа институција, симболична беше застапеноста на Албанците, денес оваа институција со најголема одговорност можам да кажам располага со квалитетни кадри на водечки позиции, но и амбициозни, квалитетни млади луѓе кои можат да одговорат на предизвиците на времето, напиша Мурати.
Ново на Сител
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник