Разговорите по телефон благотворни за расположението на повозрасните лица
Психолошката поддршка кон постарите луѓе преку телефон може да помогне во намалувањето на осаменоста и депресијата, посочува ново истражување. Написот е објавен во списанието „Лансет хелти лонгивити“ (The Lancet Healthy Longevity).
Британските научници објавија дека луѓето кои имале таква терапија со неделен телефонски повик во текот на осум недели, покажале подобрувања во менталното здравје. Испитувањата, предводени од научници од Универзитетот на Јорк во Велика Британија, Медицинскиот факултет „Хал Јорк“ и Националната здравствена служба, го следеле таквиот третман кај пациенти кои одат кај општи лекари ширум Англија и Велс. Луѓето вклучени во истражувањето имале просечна возраст од 76 години.
Вкупно 218 лица притоа добиле тн. третман за „активирање на однесувањето“, а 217 лица добиле „вообичаена нега“.
Третманот за активирање на однесувањето е психолошка терапија којашто ја истражува поврзаноста меѓу неактивноста и лошото расположение. Терапевтот и пациентот работат заедно на развој на план за лекување, со цел да се охрабрат пациентите да учествуваат во „позначајни активности“, вклучително и одржување на социјалните врски и физичка активност.
Научниците користеле стандардизирани тестови за мерење на нивото на депресија, анксиозност и осаменост кај луѓето опфатени во научниот труд.
Забележано е дека нивото на депресија значително се намалило кај групата која ја примила терапијата во споредба со оние кои не ја примиле. Истражувачите откриле и дека оние кои добивале психолошка поддршка имаат помала веројатност да пројават „емоционална осаменост“, но нема докази за разлика во однос на „социјалната осаменост“.
„Немаше значајни разлики меѓу групите во однос на анксиозноста или во квалитетот на живот поврзан со здравјето“, се наведува во написот.
Се истакнува и дека осаменоста ја одзема радоста од животот на преголем број стари луѓе, па затоа резултатите од ова испитување се битни, смета Керолајн Абрахамс, директорка на добротворната организација „Ејџ Ју-кеј“ (Age UK), посветена на повозрасните.
– Меѓу причините зошто оваа студија е важна е тоа што е лесно да се биде фатално за осаменоста во подоцнежниот живот и да се мисли дека ништо не може да се направи за тоа да се реши, но овие наоди покажуваат дека тоа не е така, вели тоа.
„Активирањето на однесувањето е делотворен пристам што може да ги намали симптомите на депресија и емоционална осаменост кај ризичните групи. Резултатите од ова испитување ги додаваат можностите за низа стратегии за подобрување на менталното здравје на постарите возрасни лица со повеќекратни долгорочни состојби“, нагласуваат истражувачите.
Испитувањата спроведени меѓу февруари 2021. и февруари 2022 година, имале за цел да ја подобри грижата за луѓето кои беа социјално изолирани во пандемијата на Ковид-19. Сепак, научниците сметаат дека наодите имаат импликации и вон пандемијата во поглед на намалувањето на бројот на луѓе кои се депресивни, коишто помагаат да се реши влијанието на осаменоста.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра