-->
-->
Разговаравме, се смеевме и одеднаш доживеавме шок - детали од трагедијата на Попова Шапка
-->
58-годишниот Перо Атанасов од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка.
Неговите пријатели денеска се простуваат од него со голема жал и тага.
„На вчерашниот прекрасен ден, на прекрасните временски и сончеви услови дел од нашиот тим по зимската патека ги искачи Син Врв, Бакардан и Титов Врв (Шар). И токму во сите моменти на задоволство, среќа, радост, бескрајно убави разговори за животни случки, за Македонија, најразноразни откачени шеги, сончање, лесен чекор со добро врзани дерези и гамашни, на враќање на рамнината на Син Врв (кај самите Антени) во миг престана да чука срцето на ПЕРО АТАНАСОВ – ЦРНА СТРЕЛА!
Човек – планина, бескрајно добар пријател, извонредно искусен планинар и алпинист, вљубеник во природата, одличен познавач на врвовите, планините, сопруг, татко, дедо.
На денот кога ги видовме сите планински масиви на Македонија и Балканот, денот кога со лесен од по зимската патека во „(про)летни“ услови ги направивме најубавите слики од овие наши врвови, но и од нас самите, и кога Перо ни рече: „вие сте Црни Стрели“, во миг не напушти Перо Атанасов, со кого лани од Дренок ја бележевме патеката и во чија чест ќе биде врв 11/12: Радуч на Јабланица.
Вечна слава и спомен за ПЕРО АТАНАСОВ – ЦРНА СТРЕЛА“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
