Разбојништво врз двајца сопружници во тетовско Гургурница
Двајца повозрасни сопружници Б.А.(66) и А.А.(61) од тетовското село Гургурница синоќа, околу 23 часот во полициската станица во Жеровјане пријавиле дека биле нападнати од две непознати и маскирани лица.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, разбојништвото се случило околу 22 часот така што двајцата маскирани, кои носеле и ракавици наеднаш влегле низ незаклучената врата. Едниот се доближил до нив, додека другиот останал на вратата.
Еден од разбојниците со шрафцигер во раката му се заканил на Б.А. дека ќе го прободе доколку не му даде пари. Исплашена А.А. му рекла на сопругот да им ги даде парите од паричникот каде имало 450 евра. Сопругот на насилникот му дал само 400 евра, по што двајцата маскирани им ги зеле двата мобилни телефони, како и фиксниот телефон што го исклучиле од мрежата и избегале.
- По околу еден час од разбојништвото сопружниците го пронашле фиксниот телефон, фрлен во нивниот двор по што ја известиле полицијата за разбојништвото. Од страна на полицијата бил извршен увид и се работи на расветлување на сите поединости, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември