Разбојникот кој секој ден ѝ се молел на Пресвета Богородица

Еден човек по име Јован бил поразен од гревот и станал крадец. Уште повеќе, тој станал и предводник на една разбојничка дружина од сто крадци, но сепак длабокот ја почитувал Богородица. Секое утро и вечер го читал Канонот кон Пресвета Богородица. Сакајќи да го спаси поради неговата голема почит кон Богородица, милостивиот Бог испратил еден свет монах да биде запленет од дружината на разбојникот.
Штом паднал во нивните раце, монахот им рекол: „Ве преколнувам, однесете ме кај вашиот водач, имам да му кажам нешто за ваше добро.“ Тие го послушале и го однеле кај својот водич. Монахот му рекол: „Викни ги сите твои луѓе да дојдат тука, за да ви кажам нешто.“ Разбојникот ги викнал, и тие дошле. Но, монахот рекол: „Нема ли уште некој?“
– Има, еден готвач – одговорил главниот крадец.
– И него викни го.
„Во името на нашиот Господ Исус Христос ти заповедам да ми кажеш кој си, кој те испратил и што бараш тука!“ Готвачот му одговорил и рекол: „Јас сум лажго кој секогаш зборува лаги. Но, бидејќи ме обврза во името Христово, не можам, а да не зборувам вистина. Јас сум ѓавол и бев испратен од мојот господар да работам за водачот на оваа дружина, и да чекам ден кога тој нема да го прочита Канонот кон Богородица – во истиот тој ден да го заробам во пеколот. Веќе четиринаесет години пазам на него, и немаше ден, а да не ѝ се помоли на Богородица.“
Монахот одговорил: „Во името на Света Троица ти заповедам да исчезнеш и веќе да не ги искушуваш христијаните“. И во истиот момент ѓаволот исчезнал како чад. Тогаш монахот ги поучил крадците. Некои од нив станале монаси, други се ожениле и правеле добри дела, спасувајќи се. Затоа и ве поучувам, вас, чеда, да го научите Молебниот канон кон Пресвета Богородица, и да се молите со него.
Извор: Православие.мк
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
