-->
-->
Разбојници во Мексико ограбиле рудник за злато и избегале со авион
-->
Мала група вооружени разбојници украле досега непознат број златни сребрени прачки од рудник во пустина во северниот дел на Мексико, а потоа со мал авион избегале кон многу оддалечени планини.
Грабежот на рудникот Мулатос во Сауарипа се случил во средата наутро, во време кога работниците во компанијата Минас де оро Насионал, мексикански органок на канадската фирма Аламос голд, на авионска писта го подготвувале прачките за транспорт.
Одеднаш се појавиле разбојниците и ги ограбиле, и за околу десет минути со авион одлетале кон планини. Локалните властите сега ги пребаруваат тајните аеродроми во областа за да го пронајдат авионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола
-
Уапсени лицата кои пукаа на свадба во Куманово
-
Лукашенко оди во посета на Москва
-
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-
Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите