Разбиена криминална група која се обидела да пренесе три тони кокаин од Јужна Америка во Европа
Полицијата во Еквадор и Шпанија уапси 30 лица осомничени дека припаѓаат на криминална организација која се обидела по морски пат да пренесе 3,2 тони кокаин од Јужна Америка во Европа.
- Истовремено претресени се 21 просторија во Шпанија и 56 во Еквадор, соопшти вчера шпанската полиција.
Групата превезувала кокаин од Колумбија, каде што бил произведен, до пристаниште во соседен Еквадор. Оттаму со брод се транспортирал до шпанските пристаништа во Малага, Валенсија и Барселона. Дрогата била скриена во контејнери со банани.
-Таа организација е одговорна за обидот за увоз на најмалку 3,2 тони кокаин во Европа, соопшти полицијата.
Шеф на организацијата бил албанскиот државјанин Дритан Ѓика, поврзан со еквадорскиот бизнисмен Рубен Шерес, кој беше убиен во март, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од еквадорската полиција.
Организацијата главно оперираше од шпанскиот град Малага и еквадорскиот град Гвајакил. Извезуваше банани од Еквадор во Албанија, Белгија, Холандија и Турција. Еквадорската полиција смета дека соработувала со криминална група во Албанија која организирала понатамошна дистрибуција на дрога во Европа.
Меѓу уапсените има државјани на Колумбија, Аргентина, Кина, Шпанија, Еквадор и Албанија. Полицијата им запленила 400 илјади евра готовина, луксузни автомобили и часовници и блокирала недвижен имот во Шпанија вреден 13 милиони евра, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата