-->
-->
Раул: Супер. Сега ќе уживаме
-->

Раул Гонзалес не го криеше задоволството од доминантната игра на македонските ракометари во синоќешниот убедлив триумф над Чешка со кој Македонија по петти пат (четврти во низа) ќе игра на Европското првенство.
- Одигравме одлично во текот на целиот натпревар. Сите играчи знаеја што треба да играат и немам никакви забелешки. Одиме на ЕП каде што се селекции како Шпанија Германија Данска... Има многу до Хрватска ќе размислуваме за ЕП кога ќе дојде време, изјави селекторот Гонзалес по мечот со Чешка.
Шпанскиот стратег на кормилото на Македонија додаде дека за него ова е најуспешната година во кариерата.
- Сега, ќе уживаме. Најважно за нас е што одиме на ново големо натпреварување. Зад себе ја оставам најдобрата сезона во кариерата. А, за ЕП, ќе видиме што ќе биде, сакаме нов успех, но има доста време до стартот, изјави македонскиот селектор.
За Македонија ова е 10-то учество на големо натпреварување, а седмо по ред. Се почна во 1998 година на ЕП во Италија, продолжи на СП 1999, по што следуваше пауза од десет години за настап на Мунидјалот во Хрватска 20009. Од 2012 година „црвено-жолтите“ се постојани учесници континенталните и светски шампионати, а притоа Македонија беше учесник и на два олимписки квалификациски турнири (Гетеборг 2012 и Гдањск 2016).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
-

Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик
-

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје
-

Јамболии, пелени и влажни марамчиња секојдневно ја затнуваат скопската канализација
-

„Безбеден град“ прогласен за најдобар проект за сообраќајна безбедност во Дубаи
