Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ
Откако беа оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур на почетокот на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Комисијата за правила (деловнички прашања) на ПССЕ одлучи да и ги ратификува акредитивите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Сесијата започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации меѓу кои и на Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените.
Македонското собрание со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, што го става на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја.
По објаснувањата од македонската делегација во состав Никола Попоски, Шпреса Хадри и Бетиан Китев, беа прифатени акредитивите, со оглед дека делегацијата брои само три члена и уште три нивни заменици, а меѓу замениците има уште една жена пратеник. Во случај ако делегацијата беше побројна, тогаш можеше да има поголема родова застапеност, со почитување на политичката застапеност во Собранието на Македонија.
Инаку Комисијата за правила на Собранието заклучи дека треба да бидат ратификувани акредитивите на уште две национални делегации оспорени на процедурални основи на отворањето на сесијата – оние на Молдавија и Шпанија, додека за Руската Федерација одлуката беше донесена на ниво на ПССЕ. Мислењето на комитетот беше доставено во писмото до Претседателот, кое беше прочитано на пленарна сесија без расправа.
Што се однесува до ингеренциите на молдавската делегација, таа беше оспорена со образложение дека опозициската партија Сор не е застапена, комисијата заклучи дека нејзиниот состав треба да биде ратификуван, при што истакна дека „едно празно место на заменик е во принцип доделено на партијата Сор“ и посочи дека партијата одбила да го назначи својот член.
Во врска со акредитивите на шпанската делегација, оспорена со образложение дека не вклучува членови на партијата „Вокс“, Комисијата заклучи дека исто така треба да бидат ратификувани и нејзините акредитиви. Притоа беше забележано дека парламентот има назначено привремена делегација, која има три слободни места за заменици, додавајќи: „Фактот дека има слободни места во шпанската делегација подразбира дека членовите на групата Вокс, кои во моментов не се застапени во делегацијата, ќе бидат во можност да се придружат на истата“.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани