-->
-->
Растурена забава со музика во живо во кафеана во скопско Јурумлери
-->
Вчера во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од с.Јурумлери, информираат од МВР.
При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.
Објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?