Бизнис
25. December 2018 - 20:30

Расте увозот на половни возила

Расте бројот на увезени половни возила. Според статистиката на царината,  годинава во земјава  внесени над 27. 000  употребени возила или  6.470 возила  повеќе од лани. Најголем увоз е направен во октомври.   Како и лани така и годинава поголем е увозот на половни отколку на нови автомобили. 

Од идната година стартува и новиот царински софтвер , кој е според стандардите на  Европската унија. Со него  за 4 часа ќе се скрати времето на чекање на камионите на  царина.  Ќе се овозможи брз и олеснет проток на стоки, а економските оператори ќе имаат заштети од 5,2 милиони евра.  

Годинава царината има и подобрена наплата. Остварила  приходи во висина од 1,4 милијарди евра што е за 11 проценти повеќе од лани.