Расте прометот на индустријата на странскиот, паѓа на домашниот пазар
Прометот во индустријата во првите шест месеци од годинава во однос на тој период лани бележи раст 9,9 отсто. Раст е забележан во јуни годинава во однос на јуни лани од 3,2 проценти и во однос на мај годинава 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016 во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 8,7 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари има пораст од 6,9 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто.
Ново на Сител
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација