-->
-->
Расте евроскептицизмот меѓу Грците
-->
Евроскептицизмот меѓу Грците почна да расте, тврди грчкиот весник „Катимерини“, нагласувајќи дека ставот на жителите на Грција кон Европа почнал да се менуваат поради намалената репутација на стариот континент.
Според резултатите од анкетата што ги објавува весникот, 46,2 отсто од анкетираните Грци сметаат дека нивната земја била оштетена со членството во ЕУ, кога се во прашање нејзиниот економски напредок и просперитет.
Во предходната анкета процент на Грците-евроскептици, што го споделуваат ова мислење изнесувал 28,1 отсто.
Ова значи дека евроскептицизмот постепено почна да се шири на грчкото општеството, што е последица од незадоволството од т.н. умерени партии, кои по правило се европски ориентирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам