Македонија
7. December 2019 - 19:48

Расте бројот на зависници од дрога во Охрид

Расте бројот на зависници од дрога во Охрид.

170 пациенти моментално  се лекуваат во Центарот за превенција и третман на болести од зависност. Најмладиот има 19 а најстариот 60 години ,дел од нив се од Охрид а ги има и од Струга ,Кичево и Дебар. Меѓутоа алармантно е тоа што огромна е потребата за лекување на малолетни зависници ,за нив во изработка е посебен протокол од страна на министерството за здравство за лекување во одделот на педијатрија.

Надлежните предупредуваат дека границата на возраст постојано се поместува и апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете.

Центрите за зависници не работат со малолетни лица па  така оставени сами на себе, скоро секогаш и се враќаат на дрогата.

Инаку  пациентите најчесто остануваат на доживотно лекување за излекувани се сметаат тогаш кога се стабилизирани.